Одобрена за употреба првата бивалентна вакцина против Ковид-19
Првата бивалентна засилувачка вакцина на Модерна против коронавирусот е одобрена за употреба во Велика Британија, соопшти денеска Британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (MHRA).
Таа прилагодена вакцина, „таргетира“ две различни варијанти на коронавирусот – оригиналниот вирус од 2020 година и варијантата омикрон.
Бивалентната вакцина на Модерна е одобрена за бустер дози за возрасни, откако беше откриено дека ги исполнува стандардите на британскиот регулатор за безбедност, квалитет и ефикасност, се нагласува во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада.
Одлуката за одобрување на „бустер“ вакцината во Велика Британија ја поддржа владиното независно стручно научно советодавно тело – Комисијата за хумани лекови, по внимателна ревизија на доказите.
„Во секоја доза на Spikevax двовалентна Оригинална/Омикрон-засилувачка вакцина, половина од вакцината (25 микрограми) го таргетира оригиналниот вирус од 2020 година, а другата половина (25 микрограми) го таргетира омикронот“, се вели во соопштението на МХРА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…