Одрони од кровот го затворија базенот во СЦ „Борис Трајковски“: Проблемот е нецелосно реконструирање пред 15 години
Одрони од кровот и делови од панел плочите од стиропор, ставија клуч на базенот во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој на дневна база го посетуваат од 700 до 1000 лица. Со оглед на сериозноста на проблемот, но и начинот на кој бил одржуван изминатите години, било побарано да се измери статиката, која треба да покаже дали кровниот дел е стабилен. Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски за „Скопје1“ вели дека проблемот е резултат на нецелосното реконструирање на кровот во 2010 година. Паднале украсни стиропорни панели кои не се тешки ниту можеле да повредат некого, но биле показател дека постои проблем.
„Деловите кои што одронети се резултат на непрофесионално и нецелосно реконструирање на кровната површина, којашто била реконструирана во 2010 година и при тоа проектот кој бил предвиден за изградба на истиот, не е имплементиран во целост“, вели Апостолоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одрони од кровот го затворија базенот во…
Одрони од кровот и делови од панел…
Трагедија на Халкидики: 8-годишно дете пронајдено без…
Осумгодишно дете е пронајдено мртво во базен…
(Видео) Мечка најде решение за жештините: Си…
Мечката прво била забележана како се шета низ населба во…
Шпански турист се удави во Олимпискиот базен…
Во Олимпискиот базен во Битола се удави…
Машала, како на одмор да се: Тетовскиот…
По реновирањето и отворањето читална за затворениците…