Одрон на патот Кичево-Гостивар, кон Попова Шапка забрана за автобуси и камиони

t

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат.

Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин.

АМСМ информира дека од 05:45 часот на патниот правец село Лисец – Попова Шапка  воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – велат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одрон на патот Кичево-Гостивар, кон Попова Шапка…

На патниот правец Кичево – Гостивар поради…

Отежнат сообраќај на патот Охрид-Св. Наум поради…

Од 06.30 часот на патниот правец Р1301…

Се расчистува одрон на патот Делчево –…

Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на…

Одрони на патот Скопје – Велес

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…