Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран
Засега непознати сторители украле три армиски возила „Хамер“ од армискиот резервен центар во Тустин во Калифорнија, јавува CBS News.
Полициската управа во Тустин соопшти дека осомничените го пресекле катанецот за да влезат на паркингот помеѓу 20 и 23.30 часот. Тие украле возила од кои едното било блиндирано.
Дополнително, биле искршени повеќе шкафчиња за складирање, а кај нив недостасувала опрема. Осомничените, наводно, се обиделе да го пресечат катанецот на складиштето за униформи, но не успеале.
Војската истакна дека осомничените не украле никакво оружје или муниција освен 18 бајонети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот…
Засега непознати сторители украле три армиски возила…
Престрелка во ресторан во Бања Лука, убиен…
Вечерва на паркингот во ресторанот Стара Ада…
Комити упатија повик за блокада на раководството…
Навивачката група на ФК Вардар,,Комити” на „Фејсбук“…
Илон Маск го нарече поранешниот еврокомесар Тиери…
Американскиот милијардер Илон Маск денеска го нарече…
Во Австрија животот сѐ потежок: Многу луѓе…
Австриската економија е една од најтешко погодените…