Од денес во Косово се плаќа само во евра, казни за они што ќе користат други валути

Како што јави РТК, вчера заврши преодниот рок од три месеци што го одреди Централната банка на Косово во однос на динарот. Како што се наведува во текстот, од денес ќе се преземаат мерки против сите оние кои за готовински трансакции во Косово користат валути различни освен евра.
Понатаму се нагласува дека во овој преоден рок не беа изречени казнени мерки, туку граѓаните беа информирани за примената на регулативата за готовинско плаќање.
Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот.
Од 12 мај, сите трансакции во готовина каде било во Косово мора да се вршат во евра.
„Другите валути освен еврото можат да се користат во Косово како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра, за извршување на меѓународни плаќања во валути што не се евро и за девизни активности“, се вели во декретот на ЦБК.
Премиерот Аљбин Курти, прашан пред неколку дена за завршување на преодната фаза, повтори дека за такви прашања одлучува Централната банка на Косово, а не извршната власт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Населението на Косово забрзано старее
Според податоците на Агенцијата за статистика на…
Во последните три години од Косово заминале…
Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…
Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа…
Министерството за одбрана на Косово денеска ги…