Од денес дигитални решенија за изолација преку вакцинација.мк
Согласно одлуката за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека опцијата веќе е достапна преку платформата Вакцинација.мк и сите кои се позитивни на вирусот и нивните контакти кои подлежат на изолација сами ќе може да ги преземат решенијата по електронски пат штом ќе бидат внесени во системот.
Процедурата е иста и за децата и за возрасните. Се пристапува преку Вакцинација.мк или преку интернет страната на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Таму има линк кој дирекно води до порталот за вакцинација. Има две опции за најава: со корисничко име или преку порталот за е-услуги. Кога ќе кликнете на најава со корисничко име потребно е да се внесе матичен број и лозинка. Доколку до сега не сте регистрирани има опција за регистрација, како и опција за промена на лозинка доколку старата е заборавена. Со најавата на корисникот му е достапно решението за изолација, како што се достапни во секое време сертификатите за вакцина или за прележан Ковид-19. Со опцијата „преземи“ корисникот веднаш во електронска форма го добива документот, за кој до сега се чекаше и по неколку денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…