Од денес нема гарантирани минимални цени во маркетите
Од денес нема да важи мерката за гарантирана цена на дел од прехранбените производи, како лебот, млекото, јогуртот, тестенините, дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото. Се укинува и одлуката за намалени увозни давачки за зеленчукот.
Институциите најавуваат засилени контроли за да се интервенира во случај на драстично поскапување на производите. Сè уште се чека пратениците во Собранието да го донесат законот за нефер трговски практики, со којшто треба да се амортизира состојбата, најавија од Министерството за економија.
Листата на производи што ја утврди Владата за да бидат со „гарантирана цена“ опфаќаше 24 категории производи. Потоа беше донесена одлука да се намалат цените и на пијалаците.
Мерката започна да се применува од септември 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Групна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина…
Вчера во 18.45 часот во Тетово, на…
Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…
Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…