Од ДУИ објаснуваат: Ахмети мислел на навредите во контактните емисии на телевизиите

t

По острата реакција во јавноста од ДУИ денеска ги појаснуваат зборовите на нивниот лидер Али Ахмети „ракоплескаат Алфа, Телма, мелма… што се тие“. Според објаснувањето од ДУИ „на синоќешниот собир со граѓаните во Гостивар, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, зборуваше за недостигот на ангажман од страна на македонските политички партии со граѓаните во контекст на односите со Албанците, затоа што е вознемирувачка омразата кон албанските лидери на државните институции, која се прикажува од македонските граѓани во контактните емисии на македонските телевизии со етикети како Бугар Османи, Артан Груби терористот, навреди кон самиот Али Ахмети и другите“.

Ваквите етикетирања, според ДУИ, биле „последица на неработењето на македонските политички партии со граѓаните и намерното продлабочување на поделбите помеѓу народот“.

„Г-дин Ахмети не спомна непријателски медиуми, туку агресивни непријателски тонови од страна на граѓаните, поттикнати од политичките партии во контактните емисии на овие телевизии. Господинот Ахмети и ДУИ се сојузници на медиумите, граѓанското општество и слободата на говорот, а тоа го имаме докажано во изминатите 22 години во нашето секојдневно дејствување“, се вели во објаснувањето на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…