Од Железници го демантираат претседателот на Синдикатот: Платата на машиновозач е над 67.000, а не 40.000 денари!
„Најостро ја демантираме изјавата на Претстедателот на Синдикат Тони Димовски во која изјавувува дека месечната плата со вклучени надоместоци изнесува максимум 40.000,00 денари. Истата е целосно неточна и невистната, а воедно сака да се престави погрешна слика во јавноста. Никаде во неговата изјава не е споменат т.н. километар што просечно изнесува нешто помалку од 20.000,00 денари месечно. Во табелата подолу се прикажани вкупните просечни примања на еден машиновозач во текот на еден месец. Од табелата може да се заклучи дека за месеците мај, јуни и јули просечните примања на машиновозачот во кои спаѓаат, плата, додатоци на плата и километар изнесуваат 67.640, 00 денари“ соопштија попладнево од Железници на РМ Транспорт АД-Скопје.
Оттаму информираат дека „даваме спецификација на просечна нето плата, бруто плата и просечен километар на Машиновозачи за период од Месец 05-2023 до Месец 07.2023 година, од каде јасно може да се видат колкави се примањата на месечно ниво, како и тромесечен просек, од каде што може да се види дека само просечната плата со додатоци изнесува 48.237,00 и со надоместоците на плата, т.н. километар, изнесува 67.640.00 денари. Основната плата од 25.000,00 денари ја зема машиновозачот, ако во соодветниот месец воопшто не вози, што значи дека и сега кога штрајкуваат и не работат, пак им следи плата по 25.000,00 денари“.
„Сакаме да напоменеме и истакнеме, дека менаџерскиот тим на ЖРМ Транспорт АД-Скопје, не врши никаков притисок врз вработените. За извршување на работните задачи на Машиновозачите на почетокот на месецот се прави месечен план за работа, според кој секој машиновозач точно знае кога треба да дојде на работа и да се јави кај надзорниот раководител. Од него добива патен лист во кој е наведено кој воз треба да го вози на соодветната релација. Сакаме да потенцираме дека суспендирани се само оние кои не сакале да го земат патниот лист според месечниот план за работа. Тоа претставува тешка повреда на работниот ред и дисциплина според Правилникот за работен ред и дисциплина. Во истиот стои дека за ваков прекршок следува отказ“ се вели во соопштението од Железници.
Оттаму потенцираат дека „нема да се толерираат никакви уцени, закани од Синдикатот и вработените и по секоја активност спротивна од Правилникот за работен ред и дисциплина ќе биде соодветно постапувано“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата повторно ги спасува „Железници“ со 16…
Иако на крајот од минатата година, преку…
Се бара нуркач за да ја провери…
Се бара нуркач за да ја провери…
Уште тоа ни требаше: Железничарите најавија блокада…
Системот секодјневно се распаѓа, по протетсите на…
Директорот на Железници Хари Локвенец: Ќе изградиме…
Директорот на јавното претпријатие за железничка инфраструктура…
Целосен прекин на долгите железнички линии во…
Утринава целосно беа прекинати долгите железнички линии…