Од Кина сме се задолжиле уште 40 милиони долари за автопатот Охрид – Кичево

t

За доизградба на автопатот Охрид – Кичево, која што во меѓувреме е продолжена до крајот на 2026, сме се задоолжиле уште 40 милиони долари, пари за кои никој немаше да знае ако изминатите денови не беа објавени во извештајот на независниот ревизор за рабтењето на јавното претпријатија „Државни патишта“ за минатата година.

Таму табеларно како нова информација е наведено дека во текот на 2024 е повлечен дополнителен заем од 40.316.690 долари од Експорт-Импорт банка од Кина за изградба на автпатот Кичево – Охрид со каматна стапка од 2 отсто кој што ќе се враќа 180 месеци.

Во анализата на долгорочни кредити се вметнати уште претходни 357.835.654 долари што треба да се вратат кон кинеската банка за истиот проект и уште 135.343.100 милиони евра кон истиот кредитор за изградбата на автопатот Миладиновци – Штип.

Кинескиот изведувач на работите на „историскиот“ автопат Кичево – Охрид минатата година постави нови услови, а новата Влада ги прифати, но какви – не беше откриено. За возврат компанијата Синохидро го прекина спорот пред арбитражниот суд во Париз. Власта се пофали дека заштедила пари бидејќи државата нема да оди на арбитража. Од Министерството за транспорт само кусо одговорија дека арбитражната постапка со изведувачот Синохидро е прекината со заедничка согласност на двете страни. Сепак не открија кои се условите и колкава сума барале кинезите во спорот кој го започнале.

Претходната власт минатата година подготви нов анекс на договорот со кинеската компанија „Синоходро“ за завршување на изградбата на делницата. Како причина за пролонгирање на рокот за изградба на автопатот од 31 декември 2023 година на 31 декември 2026 беа наведени13-те нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на „првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница“ . Во законските дополнувања пишуваше дека нема да има нови финансиски оптоварувања.

Иако „Државни патишта“ во текот на годината собира огрoмни приходи по разни основи, покрај задолжувањата кон разни меѓународни институции, јавното претпријатие има дури осум задолжувања кон Министерството за финансии. Вкупниот долг кон осумте задолжувања кон Министерството за финансии со грејс период на отплата изнесуваат дури 165 милиони евра. Последните три задолжувања кон МФ се одобрени во 2024 и изнесуваат околу 70 милиони евра, покажува независниот ревизорски извештај.

И за оваа година јавното претпријатие „Државни патишта“ официјално достави барање до Министерството за финансии за нова дополнителна финансиска помош за отплата на автопатот Кичево -Охрид, но сумата не беше наведена.

„Информација за доставено Барање за репрограмирање на долг бр.11-953/1 од 7.2.2025 година на Јавното претпријатие за државни патишта кон Министерството за финансии, поради неможност за отплата на доспеаните обврски по Договори за заем склучени со Експорт-Импорт банка на Кина“, потврди Владата во форма на поставено прашање како точка на една од седниците во текот на летото.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Кина сме се задолжиле уште 40…

За доизградба на автопатот Охрид - Кичево,…

Миноски: Македонија функционира по олигархиски модел –…

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во…

Мицкоски за еднократната помош за семејствата во…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани порача…

Уапсени 5 лица во Скопје за поседување…

На 01.01.2026 во Скопје, на различни локации,…

119 повредени во пожарот во Швајцарија: Меѓу…

Шефот на полицијата Фредерик Гислер изјави дека…