Од кол на кол, третиот во… – Пропадна обидот на Апелација, настапи апсолутна застапеност на делото
Продолжуваат обидите за манипулација со јавноста кои служат единствено во политички цели кога станува збор за предметот Титаник 2.
Во предметот „Титаник 2“ обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи , Бедредин Ибраими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска.
Овој случај го покрена СЈО, кое отвори истрага на 12 февруари 2016, а покрена обвинение на 29 јуни 2017, обвинителство кое поради мега-афера за рекетирање на бизнисмени и политичари и тргување со влијание згасна со консензус на сите политички партии. Конкретниот предмет „Титаник 2“ се однесува на наводно договарање за гласање во ДИК во врска со приговор на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година, обвинение кое самото по себе носи со себе низа на небулозу.
Но за да докаже власта дека продолжува прогонот кон поранешните функционери во Владата на ВМРО-ДПМНЕ за кои тврдеа дека украле милијарди евра во Македонија иако ниту едно од обвиненијата на поранешното СЈО не се однесува за некаква си малверзација со парите на граѓаните, судот кој работи единствено во функција на власта, а не во спроведување на правото и правдата во Македонија продолжува со политичкиот прогон.
Токму пример за работата на судот надвор од законските рамки е денешното рочиште во Апелациониот суд по предметот Титаник 2 за кое иако настапува апсолутна застареност на делото денес го одложи рочиштето и презакажа ново на средина на следниот месец.
За иронијата да биде уште поголема, дури и ако се следи логиката на Апелациониот суд дека делото застарува од денот на настанувањето на последиците од кривичното дело тогаш делото ќе застари на 7 април што значи дека следното рочиште на судот нема никаква правна логика бидејќи на сите обвинети ќе им биде настапена апсолутна застареност и од денот на извршување на делото и од денот на настанување на последиците на делото.
Денешното рочиште пак се одложи бидејќи Апелација немаа уредни достави за обвинетите Мендух Тачи, Сашо Срцев, Влатко Сајкоски и Елизабета Стефановска кои не се појавија на рочиштето.
Што се однесува до самиот предмет, на 27 март 2013 година екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, според тврдењата на поранешното СЈО, во два наврати му се јавил на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за да побара од него поддршка во Државната изборна комисија да се изгласале приговори на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во Струмица, каде се судрија Зоран Заев и Васил Пишев.
Двата разговори, како што тврдеше поранешното СЈО, се случиле вечерта после 23 часот, со што тие сметаа дека Мијалков го сторил кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание”. Освен тој телефонски разговор, нема ниту едно друго дејствие кое што му се става на товар на Мијалков.
Но тоа не е се… ДИК ги прифатила приговорите на ВМРО-ДПМНЕ со четири гласа „за“, а потоа предметот по жалба на СДСМ стигнал во Управниот суд. Жалбата од судот е отфрлена како неоснована, по што одлуката е вратена назад и ДИК со седум гласа „за“, вклучувајќи ги и гласовите на членовите од СДСМ, донел одлука да се прегласува во Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација го пушти Незири на слобода
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста,…
Избрани нови судии во скопска Апелација
Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и…
Гордана Јанкуловска излегува на слобода
Апелациониот суд Скопје ѝ ја уважи жалбата…
Не е само нашето судство: Свирепо ја…
Апелациониот суд во Белград му го укина…
Апелација ја укина затворската казна на Годана…
Скопска Апелација ја објави одлуката за случајот…