Од Косово пристигна во Србија: Започна средбата Шолц-Вучиќ
По посетата на Приштина, германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во Белград. Ова е прва посета на Шолц на Западен Балкан.
Домаќин во Белград е претседателот Александар Вучиќ, кој го пречека на аеродромот. Како што пренесуваат медиумите по пречекот со највисоки почести , германскиот гостин заедно со целата негова делегација се упатиле кон тие Палатата Србија, каде што започна тет-а-тет разговор со домаќинот Вучиќ.
Според најавите , следуваат пленарни разговори меѓу двете делегации, а потоа и заедничка прес-конференција.
Во Приштина германскиот канцелар претходно разговараше со претседателот на Косово, Албин Курти.
На заедничката прес-конференција, Шолц истакна дека земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија мора да се усогласат со нејзините ставови, вклучително и воведување санкции кон Русија.
Тој рече и дека е незамисливо земјите кои меѓусебно не се признаваат да бидат примени во ЕУ. Со ова се потврди пишувањето на нова тема за агендата на германскиот канцелар.
За потсетување станува збор за санкции против Русија и сродни договори за снабдување со гас и други енергенси, потоа завршување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и конечно заживување на Берлинскиот процес, имајќи во предвид дека Германија во моментов на иницијативата Отворен Балкан гледа како на конкуренција.
Инаку со денешната посета на Косово и Србија започна дводневната турнеја на Олаф Шолц низ Западен Балкан, Грција и Бугарија..
На 11 јуни е планирана посета на Македонија и Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…
ОЛАФ предупреди за шверц на цигари во…
Црна Гора е една од земјите вклучени…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…
Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…