Од Косово ѝ порачаа на Јотова: Ниту имало, ниту ќе има Бугари тука!

t

Партијата „Наша иницијатива” од Косово, која ги застапува интересите на Бошњаците и на Горанците во земјата, изразува загриженост по повод ненајавената посета на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова на Косово на 18 февруари, и вестите во Бугарија околу целта на нејзината посета, објави електронското издание на весникот „Илинден”.

Во реакцијата, партијата ја отфрла изјавата на Јотова дека на Косово „живеат околу 15.000 Бугари“, мислејќи на Бошњаците и на Македонците (Горанци) во областа Гора и Призренска Жупа.

Партијата смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Косово.

„Ги осудуваме манипулациите на Софија и претставувањето на Бошњаците и Горанците на Косово како Бугари, пишува во реакцијата.

Партијата потсетува дека на пописот на населението во 2011 година, Бугари во општините Драгаш и Призрен „воопшто нема или се на ниво на статистичка грешка”.

„Како партија не го оспоруваме правото на Македонците и Бошњаците да се школуваат во Бугарија, но сметаме дека тоа не може, не смее и не треба да биде условено со асимилација. Потврдуваме дека Горанците и Бошњаците се уставно признати од страна на Косово, и силно сме против тековната нивна ‘бугаризација’ во општините Призрен и Драгаш“, велат од партијата.

„Оваа година е година на попис на населението на Косово, а обидите на Софија да создаде Бугари се со цел да ги залаже, да ги доведе до заблуда и да ги изманипулира Бошњаците и Горанците на Косово. По кој знае кој пат повторуваме дека тие не се Бугари, ниту биле, ниту кога и да е ќе бидат“, се посочува во реакцијата.

На крајот партијата на Бошњаците ги повикува сите Македонци и Бошњаци на Косово да се спротивстават на „обидите на Софија за нивна бугаризација”.

„Секој има обврска да ги информира останатите на кои овие бугарски манипулации се уште не им се јасни. Студирање и соработка – ДА! Асимилација – НЕ! Стоп на асимилацијата и бугаризацијата на Косово, биди тоа што отсекогаш си бил“, стои на крајот од реакцијата на Наша Иницијатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…