Од МВР не објавија дека Домот на АРМ во Центар бил ограбен

t

Скопскиот Дом на АРМ предминатиот викенд „настрадал“ во разбојничка кражба. Иако се наоѓа во центар на главниот град, а има и чуварска служба од припадници на Армија, земја членка на НАТО, разбојниците се прекачиле и влегле преку терасата на објектот.

Според информациите на Телма, биле украдени повеќе работи од ресторанот кој се наоѓа на вториот кат. Однесен бил телевизорот од ресторанската сала, професионален кафемат и други работи.

Од МВР не ја објавија кражбата во дневните билтени за 16-ти или 17-ти октомври, а денеска на прашања на Телма ја потврдија кражбата и дека сѐ уште водат истрага.

На 16.10.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.Македонија во ДОМ на АРМ од страна на непознати сторители насилно била отворена вратата од терасата, било влезено внатре и извршено било претурање во просторија во ресторанот. Се работи на расчистување на случајот, одговориле од МВР.

Од Министерството за одбрана, пак, за Телма одговориле дека е проценета материјалната штета од кражбата, со тврдење дека чуварската служба спречила поголем грабеж.

На 16.10.2022 во 01.00 часот во Домот на Армијата, непознати сторители насилно влегле преку тераса на објектот во просториите на ресторанот на Домот на Армијата, при што е извршена кражба на предмети во вредност од околу 1.000 евра. Благодарение на брзата реакција на чуварската служба во Домот на Армијата не е направена поголема штета. Полицијата го расчистува случајот, одговорија од Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…