Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата

t

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.

Во понеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, за 8 до 10 степени. Потоа, во следните два дена, времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Во Скопје утре ќе се задржи сончево и топло време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со засилен северен ветер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на…

Од недела дожд, засилен ветер и значителен…

УХМР информира дека утре ќе се задржи…

Возач загина на лице место откако со…

Вчеравечер во периодот од 21.30 до 22.00…

Трамп ќе се сретне со Зеленски во…

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат…

Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи…

Од утре стапува на сила Законот за…