Од полноќ поевтинуваат сите горива

t

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,989 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,328 ден/кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од полноќ поевтинуваат сите горива

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се…

Златото и кафето рушат рекорди, цената на…

Цените на златото и кафето рушат рекорди,…

Вучиќ објави: Од 1 септември намалени цени…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека…

Цените на нафтата се задржаа над 79…

Цените на нафтата се задржаа над 79…

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…