Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ) соопшти дека од полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар.
Дизелот пак, поскапува за еден ипол денар.
Со новите цени еуросупер БС-95 ќе се продава за 78,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 за 80,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 67,50 денари, а еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 69 денари за литар.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси за 0,551 денари поскапува и мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,433 денари.
Од РКЕ велат дека со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто, споредено со претходната одлука за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати и горива од 15 мај 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
СДСМ: Откако се покачија, Владата ги замрзна…
Од СДСМ велат дека последната одлука на…
Владата утре ќе разгледува мерки за цените
Владата на утрешната седница ќе отвори дискусија…
Цените на мало бележат нов раст од…
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
Поскапува мазутот, цените не другите горива не…
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од…