Од полноќ поскапува дизелот
Од полноќ за два денари по литар поскапува дизелот, а цената на безините останува иста. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.
Со тоа, новата малопродажна цена на еуродизел ќе биде 71 денар по литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 70 денари за литар.
Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 73,5 денари, а еуросупер БС-98 за 75,5 денари за литар.
Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,984 отсто, а кај дизелот за 4,458 отсто, кај екстра лесното масло за 4,405 отсто и кај мазутот за 3,47 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од полноќ поскапува дизелот
Од полноќ за два денари по литар…
Професори од три универзитети бараат ревизија на…
Професори од три универзитети – Универзитетот во…
Јаневска во Тетово: Во државата постои еден…
Во пресрет на јавната дебата во Тетово…
ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од…
Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија,…
Полициска акција во Подгорица кај зградата на…
Црногорската полиција ја опколи зградата во центарот…