Од понеделник поскапува парното во Скопје

t

Од понеделник, 1. декември, поскапува цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје.

Истата, како што информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Беслимовски, се зголемува во просек за 5,9%.

За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето е во просек за 5,9%, за потрошувачите на ЕСМ Енергетика е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7%.

Причината за поскапувањето како што објасни, е што во наредниот период ќе се инвестирало во развивање на дистрибутивната мрежа, која што е изградена во средината на 60-тите години на минатиот век и поради тоа што во изминатиов период се менувале повеќе сопственици.

Најави дека во наредниот период се очекува да се спојат железарското парно и градското, за да нема различно зголемување на цената.

За подобрување на мрежата, ќе се чека завршување на оваа грејна сезона.

Моментално околу 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од понеделник поскапува парното во Скопје

Од понеделник, 1. декември, поскапува цената на…

Маж од струмичко пукал со воздушна пушка…

Вчера во 23:45 часот во село Банско,…

Мерц: Ништо ново – Орбан се сретна…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан отпатува во Москва…

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил…

Mаж најден починат утрово на тротоар на…

Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било…