Објавено на:

Од понеделник сув студ со доста ниски утрински температури – Ова се деталите

t

Во текот на следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник (3 февруари) па се до крајот на седмицата ќе бидеме под влијание на значително поладна, но сува воздушна маса од североистокот и од истокот на Европа. Истата ќе услови значително пониски температури на воздухот, особено во утринските часови кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата.

Во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места и на Скијачките центри температурите наутро ќе се спуштаат и до околу -10 степени, локално и под -10 степени. Преку денот пак тие на повеќе места нема да надминуваат 5 степени, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9/10 степени. На планинските места, како и на Скијачките центри ќе биде значително поладно.

Со овој ладен продор, повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, кој се очекува значително да го прочисти воздухот низ котлините кои се многу загадени во моментов, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Само да напоменам, дека само во понеделник (3 февруари) ќе има локални послаби врнежи од дожд и снег на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…