Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за да се види дали и каков имунитет има во земјава

t

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава. Како што истакна д-р Петличковски во гостување во дневникот на ТВ Сител, тоа ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата.

Едно вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни односно имаме некаков имунитет.

Тоа истражување го правевме пред една година. Сега тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година по првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет – изјави д-р Петличковски.

Тој додаде дека тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата земја.

Ова го планираме за Град Скопје, но има можност, разговарав со министерот за здравство, да го прошириме и на Македонија за да добиеме пореални податоци за имунизацијата во овој момент. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока – изјави претседателот на Комисијата за заразни болести.

Д-р Петличковски нагласи дека со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа, според него, е неопходно за да може да се планираат следните мерки како на Комисијата, така и на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…