Објавено на:

Од следната година македонските државјани ќе плаќаат такса од 7 евра за влез во земјите на ЕУ

t

Седум евра ќе биде таксата што македонските државјани ќе мора да ја плаќаат за да можат да влезат во некоја од земјите на Европската унија кои се дел од Шенген зоната. Оваа мерка ќе почне да се спроведува од 7 мај идната година и ќе важи и за државјаните на Србија, БИХ, Црна Гора, Молдавија, Украина и од Велика Британија.

Етиас како што се нарекува овој систем ќе важи и за државјани на други земји на кои не им се потребни визи за влез во ЕУ, како што се САД, Канада и Австралија. Системот Етиас ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната. Дозволата ќе трае три години или до истекот на пасошот на патникот.

Патниците ќе мора да дадат лични податоци, како што се адреса и вработување, и контакт. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа. ЕУ потврди дека системот за влез и излез (ЕЕС) за земјите од Шенген зоната ќе почне да работи на 10 ноември.

EEС ќе бара од патниците да обезбедат биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти и фотографии на лицето на границата. Оваа мерка има за цел да им го отежне влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши.

Македонските граѓани ќе мора да вадат патни дозволи за 26 земји во Европа кои се дел од Шенген зоната: Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Од 2028 година тука ќе бидат вклучени и Бугарија и Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обезбедување на локал во Градскиот парк тепале…

Денес после 3 часот по полноќ 20-годишна…

Од следната година македонските државјани ќе плаќаат…

Седум евра ќе биде таксата што македонските…

Уасени две лица за напад на 22-годишно…

Интервентната полиција уапси две лица поради напад…

ОПЕРАЦИЈАТА КУРСК ОД ДРУГ АГОЛ: Еве каде…

Украинците останаа врзани за советскиот метод дека…

Скандал до скандал: Началникот кој ургирал свадбарите…

Новоназначениот началник на Центарот за гранични работи…