Од следната година храната ќе се пакува само во „здрава“ амбалажа

t

Од почетокот на следната година во ЕУ нема да може да се продава амбалажа за храна која содржи штетна хемикалија бисфенол А (БПА). Ова, меѓу другото, се однесува и на лименки, шишиња за пиење и пластични садови. На производителите им е даден преоден период од 18 до 36 месеци за да подготват и да обезбедат пакување без БПА- пишува Политика.рс. Оваа штетна хемикалија се користи за обложување на внатрешноста на лименките и шишињата и се стравува дека може да влезе во храната. Инаку, истражувањата покажаа дека бисфенолот А влијае на рамнотежата на хормоните, го слабее имунолошкиот систем и влијае на репродуктивните органи.

За бисфенолот како опасна хемикалија се зборува со години, но забраните никогаш не биле толку експлицитни што производителите на пакувања би се преориентирале на поздрави замени. Деновиве ова особено го посочува организацијата на потрошувачи „Фудвоч“ која бара во пакувањето на храната да се забранат и другите бисфеноли кои имаат слични хемиски својства како БПА. Со месеци во медиумите се дебатира дали ќе има целосна забрана за употреба на лименки, но тоа нема да се случи според ЕК, туку со текот на времето тие ќе бидат „поздрави“, односно содржината од лименките нема да предизвикаат штетни ефекти по здравјето поради хемикалиите од кои се направени.

Како што претходно пишуваше „Политика“, Европејците, вклучително и граѓаните на нашата земја, се изложени на прекумерни количини бисфенол А, кој со децении се користи во производството на одредени пластични производи. Ова го соопштија и од Европската агенција за животна средина, а до такви сознанија дошле по опсежни истражувања. Имено, примероците од урина собрани од граѓани во неколку земји покажаа дека изложеноста на хемикалијата БПА е сè уште „доста над прифатливото ниво на здравствена безбедност“ и претставува потенцијален ризик за милиони луѓе. БПА, инаку, е синтетичка хемикалија која се користи во пластични и метални контејнери за храна, шишиња со вода и цевки за вода за пиење. Дури и во мали дози, оваа хемикалија може да го ослаби имунитетот, се вели во извештајот.

Покрај тоа, БПА може да предизвика неплодност и алергиски реакции на кожата. Бисфенол А и два други бисфеноли кои се користат како замена за БПА беа пронајдени во урината на 2.756 возрасни лица од 11 земји: Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Финска, Германија, Исланд, Луксембург, Полска, Португалија и Швајцарија. Нивото на надминување беше меѓу 71 и 100 отсто, објави Европската агенција за животна средина. Патем, БПА со години е забранета во пластични шишиња и амбалажи кои содржат храна за бебиња и мали деца во ЕУ. Уште во 2018 година беа воведени строги ограничувања за БПА во сите материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Бисфенол А е глобално една од најкомерцијалните хемикалии што исто така се користеше во производството на термички хартии како развивач на бои. Не е хемиски врзан за хартијата, па при контакт може да се апсорбира во кожата и да предизвика разни компликации.

Според експертите, докажано е дека може негативно да влијае на плодноста, работата на ендокриниот систем, но и да предизвика алергиски реакции на кожата и иритација на дишните органи. Оваа хемикалија веќе долго време се наоѓа на списокот на загрижувачки супстанци во Европската унија, а потоа Европската комисија донесе одлука да ја забрани, или да ја ограничи употребата во термичка хартија. Оваа одлука стапи во сила на 1 јануари 2020 година.

Согласно европската регулатива, компаниите кои произведуваат, увезуваат или дистрибуираат производи кои содржат супстанци како што е бисфенол А, се должни да ги информираат сите учесници во синџирот на снабдување, како и потрошувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од следната година храната ќе се пакува…

Од почетокот на следната година во ЕУ…

Црна Гора ќе ги ограничи маржите на…

Владата на Црна Гора усвои одлука за…

Цените на прехранбените продукти ќе останат замрзнати…

Владата донесе oдлука цените на основните прехранбени…

Бектеши најави мерки за производителите на леб,…

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти…