Од утре во Косово ќе се плаќа во готово само во евра
Од утре сите трансакции во готовина во Косово мора да се вршат во евра, затоа што денеска заврши преодниот рок од три месеци, кој го одреди Централната банка на Косово. Како што јави РТК, од утре ќе се преземаат мерки против сите оние кои за готовински трансакции користат други валути освен евра.
Во овој преоден рок не биле изречени казнени мерки, туку граѓаните беа информирани за примената на регулативата за готовинско плаќање. Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добиле инструкции да отворат нови филијали на северот.
Другите валути освен еврото можат да се користат во Косово како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра, за извршување на меѓународни плаќања во валути што не се евро и за девизни активности, се вели во декретот на ЦБК.
Косовскиот премиер Албин Курти, на неодамнешното прашање за крајот на преодната фаза, повтори дека за вакви прашања одлучува Централната банка на Косово, а не извршната власт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…