Од утре дожд, на планините нова снежна покривка
Под влијание на циклонска активност утре времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека в четврток ќе дува засилен до силен северен ветер, наместа и над 70 километри на час, а на одредени места ќе провејува слаб снег.
Во Скопската Котлина ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, кога ќе дува и засилен северен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…