Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи, изјави гувернерот Славевски

t

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија.

– Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра за граѓаните и компаниите, напиша денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески на платформата „Х“.

На 6 март годинава Европскиот совет за плаќања ја прифати апликацијата на нашата земја, со што станавме членка на СЕПА, со што им се овозможува приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 40 земји членки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини…

Од утре земјава и практично станува дел…

Уапсен поранешниот министер за одбрана на Црна…

Поранешниот министер за одбрана на Црна Гора…

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки,…

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки,…

Македонец до смрт претепан во Љубљана

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше…

Орбан изјави дека ЕУ се распаѓа, Унгарија…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија…