Од утре ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром
Од утре заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром. Тимот заловувачи во текот на целата следна недела (13-17. март) ќе заловува во реоните Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, во општина Аеродром.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од ЈП „Лајка“.
Оттаму информираат дека доколку граѓаните од споменатите населби сакаат да посочат на тимовите некое бездомно куче, да се јават на 02 256 5859 или 071 219 925 или можат да пријават на [email protected]
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Нула нови градинки за 4 години во…
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…
НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…
Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…
70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ…
70-годишна жителка на Скопје вчера пријавила во…
Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата,…
Завчера пред полноќ, жена од скопско пријавила…