Од 1 јануари казни со ЗАТВОР и ОДЗЕМАЊЕ АВТОМОБИЛИ – „Безбеден град“ стартува
Од 1 јануари 2026 година започнува да функционира проектот „Безбеден град“, со кој преку улични камери ќе се регистрираат сообраќајни прекршоци, а казните ќе бидат драстично построги – вклучувајќи затворски казни и трајно одземање на возилата. Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по средбата со словенечкиот министер за внатрешни работи во Охрид.
Системот најпрво ќе се спроведе во Скопје, Тетово и Куманово, а до средината на 2026 се очекува да ја покрие целата држава, вклучувајќи ги и коридорите 8 и 10. Пред официјалниот старт ќе има тест-период во кој прекршоците ќе се евидентираат, но без изрекување казни.
„Оние што возат без дозвола, под дејство на алкохол или дрога, или со брзина поголема за 90 км/ч од дозволеното, немаат место во сообраќајот. За нив ќе следи не само парична, туку и затворска казна, како и трајно одземање на возилата“, изјави Тошковски.
Во 2024 година, во сообраќајни несреќи животот го загубиле 142 лица, што е еден од главните мотиви за воведување на проектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1 јануари казни со ЗАТВОР и…
Од 1 јануари 2026 година започнува да…
Бугарите изненадени што навивачите на Шкендија истакнале…
Фудбалерите на Шкендија вечерва го играат натпреварот…
Гувернерката на американските Федерални резерви го тужи…
Гувернерката на американските Федерални резерви (ФЕД), Лиса…
Синдикатите на Србија бараат минималната плата во…
Репрезентативните синдикати на Србија, Сојузот на независни…
Тешко повреден пешак од Куманово, во него…
На 27.08.2025 околу 10:00 часот во СВР…