Од 12 дискотеки со активна лиценца, 3 не исполнуваат минимум технички услови

Последните инспекции низ земјава потврдија сериозни регулаторни прекршувања, информираа од Владата. Од вчера направената контрола на 12 дискотеки и ноќни клубови со активна важечка лиценца, утврдено е дека три не исполнуваат минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца. За останатите девет се уште трае проверката на документацијата.
Како што рече портпаролката на Владата, Марија Митева, до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата на овие дискотеки.
Пожарот во „дискотеката на смртта“ отвори сериозни прашања како функционираат кабареата и ноќните клубови во земјава. Вчера беше соопштено дека на ниво на држава има само 22 важечки лиценци, што значи дека огромен број на објекти по полноќ работат на црно. Беше соопштено и дека во Скопје била извршена контрола во 13 објекти, од кои само 2 поседуваат важечки лиценци (за кабаре), 8 имаат истечени лиценци, а 3 објекти немаат никаква лиценца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 12 дискотеки со активна лиценца, 3…
Последните инспекции низ земјава потврдија сериозни регулаторни…