Од 23 невакцинирани тенисери, само на Ѓоковиќ не му беше одобрен влез во Австралија

t

Од 23 играчи кои побараа медицинско ослободување за вакцинација по повод нивното пристигнување во Австралија на првиот Грен слем во тениската сезона, проблем имал само Новак Ѓоковиќ, јавува поранешниот дописник на РТС од Австралија Драган Каран.

Иако бев оптимист во овој случај пред само неколку часа, австралиската влада ја презеде оваа ригорозна мерка. На Новак сега му останува само една опција, а тоа е правен приговор на одлуката на австралиските гранични власти“, рече Каран.

Дописникот на РТС од Австралија наведува дека српскиот тенисер имал поддршка од Австралија опен.

„Отвореното првенство на Австралија застана на страната на Новак Ѓоковиќ, бидејќи неименуван претставник на натпреварувањето изјави дека 23 тенисери побарале и добиле медицинско ослободување. Повеќето од играчите пристигнаа во Австралија без никакви проблеми, а само Новак имаше проблем и не му беше дозволен влез. Официјален претставник тврди дека тоа е политичка желба на федералната влада“, додава Каран.

На Новак му останува една опција.

Вратата е отворена за Новак и веруваме дека правниот тим ќе има правен аргумент дека може да ја побие владината одлука и дека Новак учествува на АО. Рокот за решавање на случајот е краток, бидејќи Новак има наредба да си замине Австралија до попладнево. Две причини зошто на Новак му беше одбиена визата, едната е што австралиските власти не веруваа во документацијата на српскиот тенисер, кога тој побара ослободување поради ковид и затоа имаше виза што не содржеше можност невакцинирани луѓе да влезат во Австралија“, заклучи Каран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фаворитот на Трамп изгуби на изборите во…

Премиерот Ентони Албанезе стана првиот австралиски премиер…

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во…

Во знак на сочувство и сеќавање на…

Вандали нацртале кукасти крстови на синагога во…

Австралиските власти го осудија вандализмот врз синагога…