Од 43 милиони евра Македонија добива само 16 милиони за дигиталните реформи

t

Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 Македонија добива само 16 милиони за три реформски закони и тоа во Министерство за дигитализација, потврди во последниот извештај Европската комисија во делот за Македонија.

Сите останати реформи или не се спроведени, или преземените мерки и реформски проекти и закони не се признаени од страна на ЕУ. И тоа во извештајот јасно се наведува министерство, по министерство..

За транспорт е наведен Планот за реструктуирање на железници. Енергетика каска со Законот за енергетика, бидејќи не се донесени сите подзаконски акти. Долг е списокот на незавршени обврски во Министерството за правда. И тоа: Закон за плати на судии и обвинители, Закон за судски совет, измени на Изборен законик според препораки на ОБСЕ/ОДИХР и јакнење на капацитети на Агенција за конфискација на имот.

Три обврски треба да комплетира, пак Министерството за економија, иако третата за зголемен инспекциски надзор е исполнета. Се на се од 16 обврски, признаени се три на Министерство за дигитализација и затоа земјата од гарантираните 70 милиони сега засега добива само 17,13 милиони евра. Од вкупниот износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека преостанатите средства се наменети за инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

За дел од обврските кон Планот за раст надлежните министерства и владата уверуваа дека на располагање имаат казнени рокови во кои ќе успеат да ги донесат и спроведат реформските закони и планови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 43 милиони евра Македонија добива само…

Од 43 милиони евра за реформите до…

Русија и Украина направија нешто невидено од…

Русија и Украина по првпат од почетокот…

„Ел Паис“: Средбата Путин-Трамп во Будимпешта е…

Претстојната средба меѓу рускиот лидер Владимир Путин…

Милиони Американци би можеле да останат без…

Околу 42 милиони Американци би можеле да…

Денешното гласање за локалните избори се одвива…

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево соопшти дека…