Од 5 јуни Ер Србија ќе ги поврзе Белград и Охрид
Во текот на летната сезона во 2023 година, авиокомпанијата Ер Србија ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе во летната сезона годинава, јави дописникот на МИА од Белград.
Од 4 јуни следната година националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5 јуни 2023 година, за Охрид и Варна. Авиобилетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба. Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. Ер Србија ќе лета четири пати неделно до новите дестинации во Полска, Бугарија и Македонија, соопштија од Ер Србија.
Заедно со Краков, Охрид и Варна ќе има вкупно 22 нови града до кои патниците ќе можат да патуваат со Ер Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!
Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…
(Видео) Страшни пожари беснеат на грчкиот остров…
Вонредна состојба беше прогласена на третиот ден…
Османи: Извештајот на Вајц бара да се…
За опозициската партија ДУИ, извештајот на известувачот…
Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски…
Добро е што се усвои извештајот, но…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…