ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

t

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава. Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика, објави Бизнис Инфо.

Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОКТА го зголемува попустот за дизел на…

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните…

Србија ја продолжува Уредбата со која се…

Владата на Србија ја продолжи Уредбата за…

РКЕ донесе одлука: Дизелот поскапува

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот…

Српската влада ослободува 40.000 тони дизел од…

Српската влада денес одлучи да ја продолжи…

ПОСКАПИ ГОРИВА ОД ПОЛНОЌ: Дизелот поскапува за…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…