Оливер Андонов го испердаши малиот на Мицкоски: Заборави како ме молеше за решение во УБК

t

Христос Воскресе!

Почитувани пријатели, бидејќи немам Твитер профил, денес некои мои пријатели ме информираа за писанијата во кои на својот Твитер профил ме споменувал Бојан Христовски, синчето на бате Љубе, оној бате Љубе кого пред десетина дена го сместив таму каде шти му е местото.

Веројатно Бојанчо на бате Љубе новопечениот октроиран претседател на градскиот комитет-Скопје на ВМРО-ДПМНЕ почувствувал потреба да го “одмазди” тате бате Љубе и воедно да му се оддолжи на Моцкоски за поставувањето на партиската позиција и посегнал во својата неграмотност во УДБАШКИ стил да пишува за мене во некаква си своја и на Мицкоски пресметка со Данела Арсовска. Што би се рекло, малиот прелакат па со едно писание сака да ќари двојно во газот на негивиот шеф.

Е па штом е така, Бојанчо на бате Љубе, сега професорот Андонов ќе ми те потсети јавно и тебе машко на некои работи кои ти сакаш да ги заборавиш мислејќи дека како млад УДБАШ се ти е дозволено, а очигледно дека ти е оставено на сопствена волја само тоа колку длабоко ќе му се вовлечеш во газот на Мицкоски додека не те исфрли заедно сосе другите фекалии во оној миг кога веќе нема да му требаш. Да беше Мицкоски маж и вистинскинпретседател на партијата досега ќе смогнепе храброст да разговара со Фракцијата, а не да употребува сподоби и гребатори како тебе и татко ти бате Љубе мислејќи дека на тој начин ќе навреди некого. Но, ти Бојанчо на бате Љубе живеј си во твојот свет на самозадоволство од “високата” функција на која си октроиран, а мое е да те потсетам и да ти укажам на минатотот не поради тебе туку за са се знае и не се заборави.

ТОКМУ ВО ТОЈ ЕДЕН ДЕН КОГА МИНИСТЕР БЕШЕ АНДОНОВ, ТИ ДОЈДЕ ВО КАБИНЕТОТ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ДА МОЛИШ РЕШЕНИЕ ВО УБК НА ШТО ТИ БЕШЕ ИЗЛЕЗЕНО ВО ПРЕСРЕТ, КАКО И ГОДИНА И ПОЛОВИНА ПОДОЦНА ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА 505 ВО ПАЛАТАТА “ХРИСТО ТАТАРЧЕВ” ЗА ДА БИДЕШ ПРЕДЛОЖЕН И ПРИФАТЕН ЗА ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА БЕЗНЕДНОСТ. ВО ТОА ВРЕМЕ ВО ТВОЕТО СИТНО УДБАШКО СРЦЕ И БЕДНА ДУШИЧКА, НЕ ТИ ПРЕЧЕШЕ ШТО ДОБИВАШ РЕШЕНИЕ ОД МИНИСТЕР КОЈ Е ЕДЕН ДЕН НА ПОЗИЦИЈАТА, КАКО И ТОА ДА ДОБИЕШ ПРЕПОРАКА ЗА ЧЛЕН НА КОМИСИЈА ОД ИСТИОТ ТОЈ ТОГАШ ВЕЌЕ ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР.

Ете тоа се фактите во минатотот кои секогаш ќе стојат над тебе и твоето ЦВ, не над твојата совест, бидејќи ја немаш како што очигледно немаш ниту вмровска и про Македонска идеологија туку те водат исклучиво личните лукративни мотиви во животот. Но, не се загрижувај не си единствен во ВМРО-ДПМНЕ на кого професорот Андонов или како што милувате да ме нарекувате еднодневниот министер му помогнал да напредува бо кариерата, партијата или во животот.

Ве има мнозина и сите ве знам добро.
Заради таквите лица под маски во нашата ВМРО-ДПМНЕ сме стигнати до оваа дереџе на кое е сега партијата.
Камо среќа сите кои во партијата да беа и да се на функции како веќе реализирани луѓе посветени на партијата и Македонија подготвени да го заложат личниот авторитет и дигнитет и секако знаење за интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија како што тоа го правевме некогаш и го правиме и денес. Токму поради таквите медиокритети во партијата и лошите политики на Мицкоски кои намерно ги промовираат таквите како тебе Бојанчо на бате Љубе, нужно беше да се создаде внатрепартиската Фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ за да се сочуваат вистинските вредности и идеологија на ВМРО.

Ете, драги мои пријатели и Бојанче на бате Љубе да бидеме на јасно кој и зошто е во партијата и секако кој и што придонел за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Христос Воскресе
Навистина Воскресе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…