Оливер Андонов на средби во Брисел: Фракцијата која бара смена на Мицкоски доби поддршка од ЕПП?!
Престојот во Брисел (Европскиот парламент) од 6ти до 8ми Декекври, ме увери дека Македонија има силна поддршка и искрени пријатели во Европската Унија.
Проблемот се нашите политикантски “лидери” на политичките партии и нивните клиентелистички раководства. Тие ги задушуваат политичките партии, но уште пострашно ја задушуваат нашата Македонија со нивната корумпираност, непотизам и изразена неспособност.
Разговорите кои ги имав со нашите пријатели во Европската Унија, европските пратеници од повеќе земји и со Заменик генералниот секретар на НАТО господинот Мирчеа Геоана, ми ја потврдија оваа констатација.
На нашите пријатели им ги претставив целите на Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, ја изложив и внатрепартиската состојба и потребата за статутарни промени во ВМРО-ДПМНЕ со цел нејзина демократизацика, а посебно разговаравме за состојбата во која се наоѓа Македонија и изразената корупција и потполна дезинтеграција и уривање на судската власт и потполната неспособност на власта на СДС. Потврдувајќи ја цврстата определба на фракцијата за реорганизирање и демократизирање на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и особено потребата современо и демократско ВМРО-ДПМНЕ, укажав дека со сигурност така демократизирано ВМРО-ДПМНЕ е единствено способно да рачисти со криминалот и корупцијата и брзо да ја воведе Македонија во полноправно членство во ЕУ.

Голема благодарност за поканата за мое присуство на настаните на молитвениот појадок до европскиот пратеник од Холандија господинот Петер ван Дален и одвоеното време, корисните и посветени разговори за Македонија и партијата кои ги имав со европратениците:
Лукас Мандл од Австрија,
Кристијан Терхеш од Романија,
Ладислав Иличиќ од Хрватска и
Људмила Новак од Словенија.
Нивната поддршка за Македонија е несомнена, на која неизмерно им благодарам.
Жалам што европскиот пратеник од Бугарија колегата универзитетски професпр д-р Александар Јорданов по краткиот разговор избега. Тоа не е демократски однос, а никако не доликува на еден унивеезитетски професор кој во недостиг на аргументи избира да побегне од нормален разговор, особено избегнувајќи да разговара со мене на темата односите и прашањата помеѓу Македонија и Бугарија и тоа во присуство на своите колеги евтопски пратеници од другите земји членки на ЕУ. Колегата професор Јорданов може многу да научи за демократијата и за отвореноста од господинот Димитар Ташев за разговор и меѓусебно почитување прифаќајки го нашиот македонски народ и македонската нација. Господинот Димитар Ташев е пратеник во бугарското Собрание од партијата “Промените продолжуваат” со кого се запознавме на сесијата за европските вредности како лров на Европа во иднината. Господинот Ташев покажа вистински европски вредности.

Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивирана за промени во партијата, осовременување и враќање на ВМРО-ДПМНЕ на изворните, демократски и европски вредности со избор на нов претседател и ново раководство. Со овој чекор и поддршката на нашите европски пријатели несомнено ќе го поразиме неспособното и криминализирано СДС и Македонија под раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе стане членка на ЕУ.
Македонија Вечна!
За демократско и витално, современо ВМРО-ДПМНЕ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…