ОМД бара Албин Курти да се прогласи за непожелна личност во Македонија
„Во отсуство на годишни одмори, без покана на ниту еден државен претставник, во заедништво, албанската опозиција и владина партија направија културен пуч во Македонија, прогласувајќи победа на албанскиот народ на сите територии на бивша СФРЈ. Победата беше прогласена од страна на косовскиот премиер Албин Курти кој среде Скопје, го промени името на улицата „2-ра Македонска Бригада” во „Адем Демаќи”. Со овој потег и прегазување на бригадата која ја ослободи и делуваше на скоро сите фронтови во централно и источниот регион на Македонија како и Сремски Фронт, Србија, Хрватска и Словенија, албанските балисти, креираа културна победа во центарот на Македонија, Скопје“ се вели во реакцијата од Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) .
Оттаму го осудуваат овој чин „како закана за културата, нацијата и државен удар каде странски премиер, прогласува победа во отсуство на македонски (домаќин) политички лидер“.
„Пораките, испратени од косовскиот премиер Албин Курти, на ден после одбележувањето на 110 годишнината од Букурешкиот договор, кој помина без никакво владино адресирање, до ниту една интернационална организација за денот на кој започна македонскиот геноцид, албанските претставници внатре во државата, прогласија скопски договор, кој го прекршува уставот на Република Македонија и ги прекршува културните обележја, претставува закана за националниот поредок и покажува реалната слика на политичките опозициони и вчадеачки албански партии“ реагираат од ОМД..
Оттаму го повикаа македонскиот граѓанин „независно од било каква етничка, религиска или било каква друга припадност, кој посакува територијата на Македонија да остане независна, суверена и верува дека има напредок, да не потпаѓа под овие етнички поделби, да се спротистави на странско политичко адресирање. ОМД бара од македонската Влада, да напише протестно писмо кон Косово, го прогласи Албин Курти за персона нон-грата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…
Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…
Пацоли во саботата рече дека шефот на…