Омерагиќ: УЕФА ни даде список со луѓе и клубови од Македонија со сомнителни натпревари!

t

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на гостување на јавниот национален сервис говореше на повеќе теми, а откри и интересен детал, тоа е дека УЕФА испратила допис до ФФМ со личности со име и презиме, за кои постои сомнение дека вршеле влијание на резултати на фудбалски натпревари.

„Имаме добиено допис од одделот за интегритет на УЕФА во кој се посочени одредени личности, со име и презиме, за кои што постои сомнение, што не значи дека е тоа така, но се посочени дека на одредени натпревари имаат преземено дејствија кои се сомнителни.

Во соработка со УЕФА тоа ќе го спроведеме до крај. Доколку тие се чувствуваат загрозено поради тоа и мислам дека со напади и разни инсинуации врз нас ќе не предомислат на тој пат, тогаш нивното размислување е тотално погрешно. Натпревари, клубови и имиња. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме”, изјави Масар Омерагиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…