Омикрон досега yби половина милион луѓе
Светската здравствена организација изрази жалење бидејќи половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини, нарекувајќи го бројот „повеќе од трагичен“.
– Иако целиот свет се изјасни дека омикронот е побенигнен, половина милион луѓе починаа откако е откриен, изјави претставникот на СЗО, Абди Махамуд.
Тој истакна дека „во ерата на ефективни вакцини, половина милион починати е повеќе од трагично“.
Според него, во светот се регистрирани 130 милиони заразени случаи и 500.000 починати откако СЗО го нарече омикрон „загрижувачка“ варијанта кон крајот на ноември.
– Бројот на случаи на омикрон е „неверојатен“, а реалниот број на инфицирани и смртни случаи веројатно ќе биде поголем од официјалните бројки, истакна претставничката на СЗО, Марија Ван Керхове.
Од Ковид-19 починаа речиси 5,75 милиони луѓе низ светот од почетокот на пандемијата. Досега се употребени 10 милијарди дози од вакцините
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на заболени од Ковид во…
Од 29 јули до 4 август во…
Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…
Светската здравствена организација објави дека повеќе од…
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…