Омикрон нема да биде последната варијанта на Ковид-19
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека варијантата Омикрон на Ковид-19 нема да биде последна и дека вирусот продолжува да еволуира, пренесува Агенција Анадолија.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на првата прес-конференција годинава одржана заедно со глобалните здравствени експерти во седиштето на организацијата во Женева нагласи дека минатата недела е забележан најголем број случаи на Ковид-19 од почетокот на епидемијата.
Наведувајќи дека варијантата Омикрон има поблаг тек во споредба со Делта, особено кај вакцинираните луѓе, Гебрејесус додаде дека и покрај тоа нема да биде класифицирана како „блага“ варијанта.
„Исто како и претходните варијанти, Омикрон хоспитализира и убива луѓе. Омикрон создава ефект на цунами, се шири многу брзо и врши голем притисок врз здравствените системи низ светот“, рече Гебрејесус.
Наведувајќи дека болниците се преполни поради Омикрон, Гебрејесус посочи дека смртните случаи од другите болести и повреди „кои можеле да се спречат“, не се спречени поради недостиг на персонал и пренатрупаност на болниците.
Гебрејесус го повтори повикот за глобална еднаквост во дистрибуцијата и пристапот до вакцините, истакнувајќи дека 109 земји не ја исполниле целта на СЗО во потполност да се вакцинира 70 отсто од светската популација до половината на 2021 година.
– Повик „Вакцинирајте се“
Марија ван Керхове, лидерката на тимот за борба против Ковид-19 на СЗО, исто така, одговорајќи на прашањата во врска со Омикрон, подвлече дека сите сегашни вакцини се ефикасни против оваа варијанта.
Таа нагласи дека варијантата Омикрон не станала „тешка“, благодарение на вакцинирањето, и уште еднаш упати повик до сите да се вакцинираат.
Предупредувајќи дека Омикрон нема да биде последната варијанта на Ковид-19, Керхове додаде: „За жал, Омикрон нема да биде последната варијанта, вирусот продолжува да еволуира.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…