Омикрон рекордер: Ги издоминира другите соеви со над 22 милиони ново-заразени и 59 илјади починати
– Во неделниот извештај за Ковид-19 објавен на веб-страницата на Светската здравствена организација (СЗО), оценети се неделните стапки на зголемување на случаите на Ковид-19, загубата на животи и најновиот статус на варијантата Омикрон, пренесува Агенција Анадолија.
Помеѓу 24 и 30 јануари, глобалните случаи на Ковид-19 се зголемија со речиси иста стапка во споредба со претходната недела, додека загубата на животи е зголемена за 9 отсто во последната недела.
Во последната недела низ светот се регистрирани околу 22.000.000 нови случаи на Ковид-19, додека од вирусот починале над 59.000 луѓе.
Се нагласува дека варијантите Алфа, Бета, Гама, Делта, Ламбда и Му на Ковид-19 се намалени во глобалното присуство, додека варијантата Омикрон речиси целосно ги замени претходните варијанти.
Според податоците собрани од Глобалната иницијатива за споделување податоци за грипот (GISAID), 93 отсто од 433.223 позитивни примероци за Ковид-19 регистрирани последниот месец во светот се од варијантата Омикрон, 6,7 отсто на Делта, а остатокот на други варијанти.
Исто така, се додава дека глобалното ширење на Ковид-19 се карактеризира преку варијантата Омикрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…
Светската здравствена организација објави дека повеќе од…
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Хаос во цел свет: Откажани се летови,…
Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…