Омилената спортистка на Путин ќе ја напушти Русија

t

Повеќе медиуми јавуваат дека генералниот секретар на рускиот олимписки комитет и повеќекратна освојувачка на олимписки медали во синхронизирано пливање, 39-годишната Анастасија Давидова, ја напуштила Русија.

Велат дека таа нема намера да се врати во својата татковина. Самата Давидова се уште не ја соопштила моменталната локација и намерите.

Таа е една од најуспешните олимписки спортистки на сите времиња. Освоила вкупно пет медали, вклучувајќи златни во Атина, Пекинг и Лондон, каде што беше избрана и за руски знаменосец на свеченото отворање. Владимир Путин високо ја ценеше Давидова.

За тоа сведочи и тоа што минатата година ја награди, а беа снимени и како го посетуваат Олимпискиот центар за синхронизирано пливање во Москва, комплекс кој по изградбата го добил нејзиното име. Најуспешните руски спортисти често имаат многу добри односи со режимот, а меѓу нив не е можно да се најдат значителен број опозиционери.

Ако се покаже дека Давидова навистина емигрирала од политички причини, тоа ќе претставува симболичен удар за владата на Путин. Да потсетиме, во Русија во моментов е на сила делумна мобилизација која би можела да погоди стотици илјади граѓани, но се уште не се знае дали тоа е поврзано со заминувањето на успешната олимпијка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…