ОМО “Илинден Пирин” до Османи: Тие што дојдоа во Благоевград ги цениме повеќе од Вас и Вашата Влада
Друштвото за заштита на основни човекови права, не е забрането после отворањето на клубот, ниту како последица од доаѓањето на вашите политички опоненти на неговото отворање. Тоа е недоразбирање во некои медиуми, кое и вие го ширите сега, му порачаа од здружението на Македонци во Бугарија „Омо Илинден-Пирин“ на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Според нив, друштвото е дерегистрирано три недели порано, само што врховниот суд не ги информирал неговите членови.
-Процесот на одземање на регистрацијата започна уште во 2019 г. и уште во 2020 г. веќе имаше одлука на Благоевградска суд во таа насока. Не памтиме да сте реагирале на тоа. Ако сакате можете да се информирате детално од годишните извештаи за правата на Македонците во Бугарија што ги објавуваме на нашата веб страна, стои во реакцијата од здружението.
Од „Омо Илинден-Пирин“ појаснуваат дека доаѓањето на политичарите и лицата во Благоевград „за Македонците беше силна морална поддршка – повеќе отколку Република Македонија има направено во последните 30 години, но се разбира тука не го ставаме извршеното од вашата влада зашто со нула не се споредува“.
-Не треба тие што дојдоа да се правдаат пред нас, вие треба да објаснувате пред македонскиот народ зашто не дојдовте. Но, дури и да беше како што велите, зарем не требаше како надворешен министер на Македонија да реагирате пред Бугарија и критиките да ги упатите кон неа?! Очигледно за вас е нормално и во ред, ако бугарски суд по политички причини забранува друштво на Македонците во Бугарија. И кога тоа се случува вината не е на Бугарија туку на Македонците, коишто не направиле ништо незаконско, само дошле да дадат поддршка. И секако на нас Македонците – зашто сме решиле да имаме клуб. Нема начин нашите законски дејствија да не завршат на наша штета кога сме во држава која ги гази сите меѓународни принципи на правото и не дискриминира на етничка основа и кога имаме маќеична наместо матична земја, која никако да нѐ заштити, наведуваат од „ОМО Илинден Пирин“.
Здружението на Македонците се осврна и на денешната изјава на Османи на прес-конференција.
-Се надеваме не мислите сериозно дека спаѓате меѓу луѓето „кои подобро ја разбираат проблематиката“. Да беше така ќе знаевте дека не е тоа „здружение на двајца од Канада“ и дека луѓето за кои така потценувачки зборувате цел живот се бават со ова проблематика и имаат направено за Македонците во различни земји – многу, навистина многу. Без нив и луѓе како нив во Австралија, САД, Европа и други земји македонските движења во Грција и Бугарија тешко дека би постигнале некој сериозен успех. Можеби дури не би опстанале. Во изминатите децении не беше владата на Македонија таа што ни помагала, затоа ќе простите ама нив ги цениме бескрајно повеќе од вас и вашата влада, порачаа од „Омо Илинден-Пирин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втори август е славен датум за нашата…
Република Бугарија останува решена да работи на…
Сиљановска од Пелинце го честита Илинден со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Видео) Државата гори, Мицкоски сам слави Илинден,…
Премиерот Мицкоски и владината делегација меѓу кои…
Груевски: Славењето на хероите ќе создаде нови…
Честитка по повод Илинден објави поранешниот премиер…