ОМО “Илинден”-Пирин: Жално е што Ковачевски во ОН не ги спомна Македонците во Бугарија и Грција
Македонското здружение во Бугарија ОМО “Илинден” – Пирин, реагира на вчерашниот говор на премиерот Димитар Ковачевски во Обединетите Нации во Њујорк.
Според здружението, жално е што Ковачевски во говорот не ги спомнал Македонците во Бугарија и во Егејска Македонија.
-Премиерот Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и се разбира не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција. Најтажното не е дека еден македонски премиер во својот говор за правата на малцинствата не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција – несомнено меѓу најонеправданите малцинства на Балканот, туку дека ниту некој од нас не очекувавме да нѐ спомне!
Може ли да има понесреќни малцинства од оние кои истовремено живеат во држави, кои ги негираат, дискриминираат и асимилираат и припаѓаат на нации чии држави ни уста за нив не отвораат, не па да ги заштитат? Како да живееме во народна приказна – несакани од мајка – мразени од маќеа. Двојно несакани – двојно сами. После толку борби на македонскиот народ за своја држава имаме држава која не ги третира сите делови од македонскиот народ како свои – реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втори август е славен датум за нашата…
Република Бугарија останува решена да работи на…
Сиљановска од Пелинце го честита Илинден со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Видео) Државата гори, Мицкоски сам слави Илинден,…
Премиерот Мицкоски и владината делегација меѓу кои…
Груевски: Славењето на хероите ќе создаде нови…
Честитка по повод Илинден објави поранешниот премиер…