ОМО Илинден со барање до Ковачевски: И ние Македонците од Пиринска Македонија сакаме да влеземе во Уставот!
Разбравме дека ќе биде отворен Уставот на Република Македонија, со цел во него да бидат впишани уште етнички заедници, па сакаме во него да влеземе и ние Македонците и Македонките од Пиринска Македонија.
Ова го истакнуваат во своето барање Македонците кои сега живеат во Бугарија.
Во продолжение целата објава од Фејсбук:
И НИЕ САКАМЕ ВО УСТАВОТ
ПРЕДЛОГ до Влада на Р. Македонија, од етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија:
Почитувани,
Разбравме дека ќе биде отворен Уставот на Р. Македонија, со цел во него да бидат впишани уште етнички заедници.
И ние, етничките Македонци и Македонки од Пиринскиот дел на Македонија сакаме да бидеме впишани во Уставот на државата Македонија, и тоа како државотворен народ, како дел од македонскиот народ.
И тоа ние го имаме со полно право, бидејќи на 02 август 1944 г. АСНОМ во манастирот Прохор Пчински имавме двајца наши делегати од Пиринскиот дел на Македонија.
Со почит,
Претставници на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија, членови на ОМО Илинден – Пирин!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
Втори август е славен датум за нашата…
Република Бугарија останува решена да работи на…