Оние бензински пумпи што ограничуваа продажба до 500 денари ќе се најдат пред Обвинителството

t

Вчера до доцна во ноќта се создаде паника дека ќе снема ббензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи.

-Точно, во текот на вчерашниот ден се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната недела. Нафтени деривати има, редовно е снабдувањето и резерви има. Снабдувањето е без никакви проблеми и немало прекин на испорака на бензин. Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавале бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика за Утрински брифинг.

Бислимоски вели дека малите пумпи немаат право да вршат ограничување на набавката на бензин. Тоа се воени профитери кои за да заработат нешто ситно на нечиј грб, но ние денес ќе доставиме извстување до Обвинителството за таквите појави, додава Бислимоски.

-Информациите што ги имам јас се дека имаме доволни количи нафтени резерви како држава. Нафтата што доаѓа во Македонија во најголем дел доаѓа од Грција. Но, Фејсбук стратезите вчера кренаа паника, вели Бислимоски.

На прашањето до каде ќе одат цените на енергенсите, Бислимоски вели дека цените и на електричната енергија и на природниот гас дивеат и цела Европа е во паника, па не очекува во следните недели да има некое намалување. Но, според Бислимоски, ќе има стабилизирање со постигнување на договор со ОПЕК. Тој препорачува да штедиме да се надмине овој тежок период.

Пишува: Анета Пауновска за С.Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…