Онкологија бара околу 40 вработувања

t

Најмалку 40 нови вработувања се неопходни на Онкологија за да може да одговори на потребите на пациентите, објави ТВ Сител. Наместо специјалист во денот да има и по 70 прегледи и да не може соодветно да им се посвети на болните, од клиниката веќе доставиле барање до Министерството за здравство што им е неопходно во моментот.

– Најургентни ни се медицинските сестри, едно десетина медицински сестри, радијациони технолози, бидејќи имавме во минатиот период напуштање од тој кадар, медицински техничари и нормално лекари. Барем да можат оние лекари кои се на приватна специјализација да можеме да им дадеме договори на неопределено време. Се зголемува обемот на работа така да потребно е вработување на нов кадар, вели проф. д-р Игор Стојковски, в.д. директор на Клиника за онкологија.

Пред еден месец кога министерот за здравство беше во посета на клиниката, најави дека Онкологија ќе има приоритет во делот на вработувањата. Но новиот кадар не е единствениот проблем. Неопходно е и активирање на онколошките амбуланти низ државата за да нема големи гужви и малигно болните да чекаат со часови за преглед или терапија. Засега е воведена втора смена во Дневната болница, но и тоа не е доволно.

– Воведовме втора смена во дневната боница за да не се враќаат пациенти, сега правиме напори да го оптимизираме процесот и други профили да работат втора смена. Со тоа се надевам дека ќе ги намалиме гужвите во чекалните, вели Стојковски.

Инаку Онкологија со месеци е во фокусот на јавноста откако минатата година во септември изби скандалот со препродажба на биолошка терапија. Случајот е во рацете на обвинителството а пациентите се уште чекаат подобри времиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…

После 20 годии шепотење и непреземање ништо…

Нино Васев ја бранeше набавката на лекови…

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Јовески: Можно е вештачењето за Онкологија да…

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти…