Објавено на:

ОН повикаа никогаш да не се дозволат тестирања на нови нуклеарни оружја

t

Нуклеарните тестови никогаш не треба да бидат дозволени под никакви околности, изјави денеска портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Ставот на Светската организација доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги обноват тестирањата на нови нуклеарни оружја.

– Генералниот секретар постојано изјавуваше дека сегашните нуклеарни ризици се веќе загрижувачки високи. Треба да се избегнува секое дејство што може да доведе до погрешна проценка или ескалација со катастрофални последици, нагласи портпаролот.

– Не смееме да го заборавиме катастрофалното наследство од повеќе од 2.000 нуклеарни тестови спроведени во изминатите 80 години. Нуклеарните тестови никогаш не треба да бидат дозволени под никакви околности, додаде портпаролот на Гутереш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН повикаа никогаш да не се дозволат…

Нуклеарните тестови никогаш не треба да бидат…

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце,…

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…

САД повлекуваат дел од своите воени контингенти…

САД планираат да повлечат дел од своите…

Путин нареди привремено прекинување на огнот во…

Рускиот претседател Владимир Путин нареди привремено прекин…

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист…

Роден е во Антиохија. Во младоста добро…