„Опен АИ“ предупредува: Корисниците може да станат емоционално зависни од гласот на Четџипити
Компанијата „Опен АИ“ e загрижена дека корисниците би можеле премногу емотивно да се врзат за нејзиниот помошник за вештачка интелигенција Четџипити, па дури и да развијат зависност од нејзиниот глас, кој е многу сличен на човекот.
Според извештајот на компанијата, корисниците би можеле да создадат „социјални врски со вештачка интелигенција и на тој начин да ја намалат потребата за односи со други луѓе“.
Компанијата додава дека оваа ситуација може да биде поволна за луѓето кои се осамени, но во исто време може да влијае на „здравите човечки односи“.
Слушањето информации од бот со вештачка интелигенција што звучи како човек може да ги наведе луѓето премногу да ѝ веруваат на вештачката интелигенција, што е опасно бидејќи вештачката интелигенција исто така е склона кон грешки. Некои луѓе веќе создаваат романтични врски со чет-ботови со вештачка интелигенција, што ги загрижува експертите за врски, пишува Си-ен-ен.
Напредниот гласовен режим на Четџипити звучи неверојатно реалистично. Реагира во реално време и имитира човечки реакции како смеење, а исто така може да ја процени емоционалната состојба на говорникот врз основа на тонот на неговиот глас.
Многумина ја споредуваат новата алатка за вештачка интелигенција со дигиталната асистентка од филмот „Таа“ (Her) во кој главниот лик се вљубува.
Приказната нема среќен крај, бидејќи на крајот главниот лик останува со скршено срце откако дознал дека асистентката со вештачка интелигенција има „врски“ со стотици други корисници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Опен АИ“ предупредува: Корисниците може да станат…
Компанијата „Опен АИ“ e загрижена дека корисниците…
Според анкетите, Харис води против Трамп: „Бројките…
Камала Харис води пред Доналд Трамп, покажуваат…
Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да…
Уште пред да поминат 100 дена, моноетничката…
Никола Јокиќ влезе во историјата на Олимписките…
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на мечот за…
(Фото) „Ме тепаше три дена по ред“…
Фабиола Јанез, поранешната прва дама на Аргентина,…