ОПЕРАТА „НАБУКО“ ЌЕ ГИ СПОИ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА И РАДЕВ ВО СОФИЈА? Двајцата претседатели ќе седат еден покрај друг во публиката

t

В петок, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе присуствува на гостувањето на Македонската опера и балет во Софиската опера и балет.

Нашата Опера во главниот град на Бугарија ќе се претстави со „Набуко“ од Џузепе Верди.

Неофицијално, за време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари и билатерална средба со својот домаќин, претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Тие се очекува заедно да седат во публиката, а претседателката ќе биде придружувана од министерот за култура Зоран Љутков и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, за кои засега не е потврдено дали ќе остварат официјални средби со своите бугарски колеги во Софија.

Во мај годинава, софиската Опера и балет со операта „Валкира“ ја крена на нозе полната сала на Националната опера и балет во Скопје.

„Валкира“ на софиската опера и балет ја крена на нозе полната сала на Националната опера и балет во Скопје. Четиричасовната изведба, во режија на Пламен Карталов, беше претставена во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ во Република Северна Македонија, а меѓу присутните беше токму и претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова.

– Никогаш не сум доживеала такво задоволство, толку долго, толку страсно. Ниче е во право кога вели дека без музика светот не би бил тоа што е. Мислам дека никој од нас не се чувствуваше уморен во тие пет часа. Не знам што беше посовршено – диригентот, режисерот, пејачите, оркестарот, кореографијата, сценографијата – изјави тогаш Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОПЕРАТА „НАБУКО“ ЌЕ ГИ СПОИ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА…

В петок, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе…

ЛАВРОВ БАРА ИСТОМИСЛЕНИЦИ ЗА „МИР ВО УКРАИНА“:…

Американскиот институт за проучување на војната оцени…

Русија објави дека заземала важни четири населби…

Руските сили ги заземала четирите места Красногоровка,…

Северна Кореја го зголемува бројот на нуклеарно…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека…

Фалсификуван опасен лек за слабеење се продава…

Во декември, Дру, 36-годишен маж од Сан…