Опозицискиот лидер во Србија го критикува Вучиќ: Бара воведување на санкции за Русија
Откако потпретседателот на Собранието Борко Стефановиќ од опозиционата ССП на Драган Ѓилас достави предлог резолуција до собраниската Комисија за надворешни работи за усогласување на надворешната политика на Србија со политиката на ЕУ, со која се предлага воведување соодветен пакет санкции против Русија, во Србија прво реагираше рускиот амбасадор во Белград, а денес и лидерот на опозиционата Нова странка, Вук Јеремиќ.
Рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко го праша потпретседателот на српското собрание дали го земал предвид мислењето на мнозинството во Србија кога ја предлага Резолуцијата за санкции кон Русија, додека денес реагираше Вук Јеремиќ кој оцени дека таа „претставува кукавичко јајце на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој и се подметнува на опозицијата за да се подели”.
-Не можеме да водиме аргументирана расправа за ова прашање пред Вучиќ во српскиот парламент да ги извести пратениците и јавноста со што тоа и се закануваат на Србија, односно зошто би морале да воведеме санкции кон Русија и покрај јасните негативни политички последици што овој чекор би можел да го има за решавање на косовскиот проблем, изјави Јеремиќ, соопштија од Народната странка.
Тој оцени дека не верува во приказните дека ќе се случи „катастрофа од широки размери” ако Србија не воведе санкции кон Русија.
-Од почетокот на војната во Украина поминаа осум месеци, а ниту една од заканите досега не се оствари, додаде Јеремиќ.
Според него, Вучиќ ѝ подметнува „кукавичко јајце” на опозицијата со помош на некој со кој, како што наведе, Народната странка соработувала во минатото, мислејќи на Странката за слобода и правда на Драган Ѓилас.
-Настрана од тоа колку е скандалозно пред изборите да се каже дека сте против санкции, а по изборите да ја свртите приказната – тоа нека им служи на чест на оние кои се подготвени да кажуваат една приказна пред изборите, а друга по нив. Она што е многу полошо е што сега со тоа се оди директно на рака на Вучиќ, тој ѝ подметнува кукавичко јајце на опозицијата со намера да ја подели, Народната странка во тоа нема да учествува, рече Јеремиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…